Богата програма за јубилејното издание на „Синедејс“
Од 15-ти до 21-ви јули, 20-то јубилејно издание на „Синедејс“. Европскиот филмски фестивал под отворено небо годинава со разновидна програма. Публиката ќе може да ужива во остварувањата од водечката европска, но и филмови од македонската кинематографија...

„Анет“ од Леос Каракс кој премиерно се прикажува на Канскиот фестивал ќе го отвори јубилејното 20- то издание на „Синедејс“. Од 15-ти до 21-ви јули, скопјани ќе уживаат во богата и разновидна програма од европската и домашната кинематографија. Љубителите на европскиот филм проекциите ќе ги следат под отворено небо, на неколку локации низ главниот град, покрај вода и во природа.
„Синедејс“ годинава ќе биде збогатен со музички и едукативни настани. Ќе има четири концерти, ди- џеј настап, работилници за креирање филм. Новина е соработката на УНИЦЕФ и МКЦ во облста на екологијата и климатските промени.
За градоначалникот Шилегов, јубилејот на „Синедејс“ е доказ дека во земјава се негува и развива европскиот филм.
Пред официјалниот дел, „Синедејс“ патуваше во Крива Паланка, Струмица и во Струга.
Викторија Милевска
