Десет нови случаи со Ковид-19, еден починат

09.07.2021 14:05

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.

Во последните 24 часа се направени 2.960 тестирање, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 5, Тетово – 4 и Битола – 1. Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Крива Паланка и Берово – по 1. Регистриран е еден починат пациент од Струмица (64г), во болнички услови .

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.

Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19.