Очекувана е појавата на нови соеви на Ковид-19 во земјава
Нема нови случаи на делта-сојот, но се испитуваат четворица тетовци, сомнителни на Јужноафриканската мутација. За лекарите очекувано поради отворените граници...

Нема нов случај на делта мутацијата на корона вирусот, но МАНУ алармира за нови четири случаи суспектни на Јужноафриканскиот сој. Министерот Филипче информира дека сите се од Тетово и во тек е секвенционирањето. Според ресорниот министер, ова е само потврда дека во земјава се присутни и други соеви на Ковид-19 . Сите вируси, особено РНК вирусите многу мутураат, а може да се очекуваат и нови.
За лекарите ова е очекувано, имајќи во предвид дека границите се отворени, но секако влијание има и што се опуштивме поради вакцинацијата.
Филипче апелира на повисока свесност за вакцинацијата. Посочува дека во моментов ситуацијата со коронавирусот е стабилна и нема потреба да дополнителни рестриктивни мерки. Дециден е дека политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините.
Од идната недела почнува теренска вакцинација и боцкањето граѓаните без закажување. Досега се вакцинирани 70 проценти од здравствените работници, половина од лицата над 70 години и околу 40 насто над 60 години. Засилената вакцинација во наредните два месеца ќе продолжи и кај медицинарите и наставниците.
Дијана Ценевска
