Здравство

„Заспаниот имунитет“ причина за респираторни инфекции кај децата

09.07.2021 15:08

Здравствените власти го вклучија алармот. Лекари од Детска клиника заминаа за Гевлеглија, каде за само еден месец, 50-тина дечиња, меѓу кои и доенчиња биле примени со респираторни симптоми, нетипични за овој период од годината. Немаат Ковид-19, но се испитува што ја предизвикало инфекцијата. Се полни и Институтот за белодробни заболувања Козле. Специјалистите веруваат дека причина е таканаречениот „заспан имунитет“, бидејќи децата изминатиов период биле презаштитени од контакти поради ковид-мерките...

Од утрово тим лекари од педијатриска клиника пристигнаа во гевгелиската болница со цел да се утврдат причините за зголемениот број респираторни инфекции кај децата од 2 до 5 години и бебињата. Испитувањата ќе се прават бидејќи само за еден месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, кои не се специфични за овој период од годината.

Директорот Крџев вели дека тие досега ги презеле сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, потребни се дополнителни анализи.

Пред некој ден МТВ ја објави изјавата на епидемиолот Олумчев кој се сомневаше во симпроматологијата кај децата.

По деталните анализи, лекарите дополнително ќе информираат која е причината за енормно зголемениот број деца со респираторни инфекции во топлиот период од годината.

 

Стојне Митева