15 месеци затвор за 18-годишниот возач што ја прегази Верица Белчовска

09.07.2021 16:44

Семејството Белчовски е незадоволно, најави жалба пред Апелација. Обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело.

Во Основниот суд во Струмица, донесена пресуда. 18-годишниот струмичанец што ја прегази 20-годишната Верица Белчовска од беровско Русиново е осуден на казна затвор од 15 месеци.

Семејството Белчовски е незадоволно, најави жалба пред Апелација. Обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело.

Казната на момчето му е изречена за сторени тешки кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.