Регион

Изборите во Бугарија без јасен победник

12.07.2021 09:34

Според Галуп интернешнл, партијата на Слави Трифунов има освоено 23, 2 процента од гласовите, пред ГЕРБ која освоила 23 насто. Алфа рисрч, исто така предвидува победа на „Има таков народ“ со 24 проценти, а Герб е втора со 23,5 насто.

Повторно нема извесен победник на вчерашните парламентарните избори во Бугарија. Партијата „Има таков народ“ на телевизискиот шоумен Слави Трифунов е со минимално водство пред десничарската Герб на поранешниот премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Според Галуп интернешнл, партијата на Слави Трифунов има освоено 23, 2 процента од гласовите, пред ГЕРБ која освоила 23 насто. Алфа рисрч, исто така предвидува победа на „Има таков народ“ со 24 проценти, а Герб е втора со 23,5 насто. Третопласирана е Бугарската социјалистичка партиија со 13,1, а во парламентот ќе влезат Демократска парија, ДПС и Исправи се, мафијата надвор.

Ваквиот исход од изборите значи дека повторно ќе биде тешко формирањето влада. Ова се втори парламентарни избори во Бугарија за само два месеца.