Почнува 61-то издание „Oхридско лето“

12.07.2021 09:48

Отворањето ќе биде во знакот на големиот Петар Илич Чајковски, а Националната опера и балет ќе ја изведе балетската трилогија составена од делата „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Станува збор за грандиозен проект со над 90 уметници кои ќе настапат на сцената на Античкиот театар...

Вечер свечено ќе биде отворено 61-то издание фестивалот „Oхридско лето“. Отворањето ќе биде во знакот на големиот Петар Илич Чајковски, а Националната опера и балет ќе ја изведе балетската трилогија составена од делата „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Станува збор за грандиозен проект со над 90 уметници кои ќе настапат на сцената на Античкиот театар.

Годинава ќе бидат реализирани 34 уметнички концерти на врвни имиња од областа на музичката уметност, како и шест театарски претстави. Во текот на 40-те фестивалски вечери, на летните сцени и во „Света Софија“ ќе продефилираат околу 500 уметници од 18 земји.

Настаните на „Охридско лето“ ќе се одржуваат според пропишаните протоколи, со што ќе се овозможи настапите на врвните уметници да ги проследат поголем број љубители на музичката и на драмската уметност.