Победниците од ликовниот натпревар на тема „Истанбул“ го посетија градот

12.07.2021 10:52

Младите македонски уметници, учесници и победници на натпреварот, ги посетија омилените делови од градот кои беа инспирација за нивните ликовни дела, со можност одблизу да го доживеат и да се инспирираат од богатата историја, архитектура и природа на Истанбул.

Победниците од ликовниот натпревар на тема „Истанбул“ во организација на Амбасадата на Р. Турција во Скопје, имаа можност да го посетат и да се запознаат со убавините на Истанбул.

Младите уметници, учесници и победници на натпреварот, ги посетија омилените делови од градот кои беа инспирација за нивните ликовни дела, со можност одблизу да го доживеат и да се инспирираат од богатата историја, архитектура и природа на Истанбул.

Посетата беше организирана и спонзорирана од авиокомпанијата Туркиш Ерлајнс, Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Р. Турција (ТГА), Управата за култура и туризам во Истанбул, Аквариум Истанбул и Кидзанија.