Седници на Комитетот за односи со заедниците и на Комисијата за политички систем

12.07.2021 11:10

На седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците најавено е обраќање на министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, кој ќе говори за реализацијата на Програмата за работа на Комитетот за 2021 година...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комитетот за односи меѓу заедниците и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците најавено е обраќање на министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, кој ќе говори за реализацијата на Програмата за работа на Комитетот за 2021 година со посебен осврт на остварувањето на принципот на соодветната и правичната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и во другите институции на сите нивоа.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи две седници, на кои на дневен ред се измените на Законот за лична карта во прво читање и измените на Законот за  неевидентирани лица во матичната книга на родени, во второ читање.