Џонсон: Пандемијата сè уште не е завршена
Минатата недела британскиот премиер изнесе предлози за укинување на правилата за носење маски и социјален контакт, како и упатства за работа од дома, нарекувајќи ја „еднонасочна улица кон слободата“.

Британскиот премиер Џонсон повика на претпазливост во момент кога се очекува да ги потврди плановите за укинување на сите ограничувања против Ковид- 19 во Англија од 19-ти јули.
Минатата недела британскиот премиер изнесе предлози за укинување на правилата за носење маски и социјален контакт, како и упатства за работа од дома, нарекувајќи ја „еднонасочна улица кон слободата“.
Велика Британија спроведе една од најбрзите светски програми за вакцинација. Повеќе од 87 проценти од возрасните примиле барем една доза вакцин. Сепак, и покрај тоа, во последните недели земјата бележи голем пораст на инфекции.
