Свет
Масовни протести на Куба
12.07.2021 11:36
Протестите се случуваат во екот на најтешката економска криза од распадот на Советскиот сојуз, поранешен сојузник на Куба.

Илјадници кубанци излегоа на улиците низ целата земја со барање за оставка од претседателот Мигел Дијаз-Канел. Светските агенции пишуваат ова се најголемите антивладини протести во комунистичката земја во последните неколку децении.
Протестите се случуваат во екот на најтешката економска криза од распадот на Советскиот сојуз, поранешен сојузник на Куба.
Луѓето го креваат гласот поради недостиг на храна, кршење на граѓанските слободи и начинот на кој владата се бори против пандемијата.
