ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да ја поддржат резолуцијата во Собранието
Резолуцијата е рамка од која не смее да излезе ниту Зоран Заев, ниту која било друга влада, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Шефот на владата и лидер на СДСМ, Заев потенцира дека резолуцијата ќе се прифати, но во текстот треба да се вметне новото уставно име...

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ и ДУИ да ја поддржат резолуцијата во Собранието. Од партијата сметаат дека нема потреба од измени во текстот, ако се искрени кон Македонија. Резолуцијата ги истакнува црвените линии и ги штити јазикот, нацијата и идентитетот.
Резолуцијата е рамка од која не смее да излезе ниту Зоран Заев, ниту која било друга влада, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Шефот на владата и лидер на СДСМ, Заев потенцира дека резолуцијата ќе се прифати, но во текстот треба да се вметне новото уставно име. Сѐ уште е неизвесно кога спикерот Џафери ќе ја стави точката за предлог-резолуцијата на дневен ред.
