Вашингтон

САД загрижени поради Tалибанците во Aвганистан

12.07.2021 12:17

САД речиси две децении го снабдуваа Aвганистан со оружје и опрема во вредност од милијарди долари за самостојна одбрана на земјата, но е сè понеизвесно кој ќе ја преземе контролата по повлекувањето.

САД искажаа голема загриженост поради талибанските бунтовници кои ја преземаат контролата во Aвганистан, додека американските сили се повлекуваат и се враќаат дома.

САД речиси две децении го снабдуваа Aвганистан со оружје и опрема во вредност од милијарди долари за самостојна одбрана на земјата, но е сè понеизвесно кој ќе ја преземе контролата по повлекувањето.

Талибанците тврдат дека веќе контролираат 85 проценти од територијата, но владата во Kабул ги негира тврдењата.