Ковид-19

Филипче: Вакцинацијата на младите од 12 до 16 години ќе почне од петок со закажување термини

12.07.2021 12:27

Иако беше најавувано, сепак вакцинацијата на маладите од 12 до 16 години ќе почне од петок. Тие претходно ќе мора да закажат термин. Од денеска граѓаните првата доза вакцина можат да ја примат во болниците или во поликлиниките низ градовите во земјава, во веќе постојните вакцинални пунктови. Во спортските сали ќе се врши само ревакцинација...

Од денеска почна масовната имунизација на населението без претходно закажан термин. Граѓаните првата доза вакцина можат да ја примат во болниците или во поликлиниките низ градовите во земјава, во веќе постојните вакцинални пунктови. Во спортските сали ќе се врши само ревакцинација.

Иако беше најавувано, сепак вакцинацијата на маладите од 12 до 16 години ќе почне од петок. Тие претходно ќе мора да закажат термин.

„Mора да биде така, бидејќи во една вијала на вакцината на Фајзер има шест дози, што значи дека кога ќе се отвори треба да се вакцинираат шест деца. Затоа е потребно да се направат термини. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12 до 16 години“, рече министерот Филипче.

Министерот за здравство исто така соопшти и дека наместо на досегашните 12 недели по примањето на првата доза од вакцината на производителот „Астра Зенека“, втората доза ќе се прими со навршување на шест недели по првата доза. Остануваат препораките оваа вакцина да ја примат само лицата постари од 60 години.