Прилеп

Земјоделците на предупредувачки протест

12.07.2021 12:40

Земјоделците од речиси сите гранки, на предупредувачки протест и марш маршираа низ центарот на Прилеп. Бараат исплката на заостанати субвенции, решавање на напластените проблеми, како што велат и недонесување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште. Најавувата радикализирање на протестите во повеќе региони...

Исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите за тутунарите и лозарите, повлекување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште, побараа денеска земјоделците од повеќе региони од државава на предупредувачкиот протест во центарот на Прилеп.

Лозарите имаат проблеми со откупот, непродаден лански род, а лозарите инсистираат и на заштитна цена за грозјето.

Доколку наскоро не им се решат проблемите, земјоделците најавуваат радикализирање на протестите во повеќе региони во државава.

 

Елизабета Митреска