Слави Трифунов најавува формирање на нова влада на Бугарија
Телевизискиот шоумен, Слави Трифунов, најавува формирање на нова влада на Бугарија. Ќе биде експертска. По 95 проценти од преброените гласови, ГЕРБ на Бојко Борисов е со минимално водство пред „Има таков народ“ на Трифунов...

Ден по вонредните парламнетрани избори во Бугарија, изборната државна комисија по преброени 95 проценти од гласачките ливчиња ги соопшти резултатите, според кои Десноцентристичката партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освои 23,9 проценти од глаовите.
„Нема да предадеме ниту еден бугарски државјанин, без разлика дали гласале за нас или за друга партија. Ќе продолжиме да работиме на тоа во што веруваме, без оглед на тоа каква улога гласачите ќе ни доделат“, изјави Томислав Дончев од ГЕРБ.
Партијата „Има таков народ“ на Слави Трифуов е на второто место со 23,7 проценти. Бугарските медиуми изветсија дека двете помали партии за борба против корупција, „Демократска Бугарија“ и „Востание! Мафија надвор“, освоија 12,6 и 5 проценти.
„Демократска Бугарија покажа траен тренд на искачување повисоко, и гледаме дека нашите напори вредеа“, рече Антоанета Цонева од Демократска Бугарија.
Социјалистите и етничката турска партија МРФ освоија 13,6, односно 10,6 проценти.
„Нискиот одив на гласачите е без преседан, и ова е за првпат по одржувањето на парламентарните избори во Бугарија“, изјави Корнелија Нинова, лидер на Бугарската социјалистичка партија.
„Категорично изјавивме дека моделот- вие стоите, јас ќе седнам, не е промена од моделот на ГЕРБ. Напротив промената е враќање на нормалноста во политиката и враќање на демократијата“, изјави Мустафа Карадаја, водач на движењето за права и слободи.
Дури и ако конечните резултати ја потврдат ГЕРБ како најсилна партија, нејзините шанси за формирање владејачка коалиција се мали, велат политичките набљудувачи.
ГЕРБ беше првата партија на изборите во април, освојувајќи 26,2 проценти, но другите партии ја избегнуваа. Партијата „Има таков народ“ е подобро позиционирана и ужива поддршка од своите веројатно партнери.
Во изјавта за Бугарската национална телевизија, ТВ водителот и лидер на „Има таков народ“ Трифунов, рече дека нема да коалицираат со ниту една партија, дека тие ќе ја преземат политичка одговорност да формираат независна влада. Владата ќе биде составена од „експерти кои ќе имаат приоритети“. Трифунов најави дека Николај Василев го номинирал за премиер, а како предлог за вицепремиер и министер за надворешни работи го спомна Ради Најденов.
Мирјана Василева
