Ковид-19

Почна имунизацијата без закажан термин

12.07.2021 14:35

Почна масовната имунизација на населението без претходно закажан термин. Првата доза се аплицира во болниците или во поликлиниките во веќе постојните вакцинални пунктови. Во спортските сали ќе се врши само ревакцинација. Иако беше најавувано, сепак вакцинацијата на младите од 12 до 16 години ќе почне од петок. Од денеска ќе можат да закажат термин на „вакцинација.мк“...

Почна вакцинирањето без закажан термин. Повозрасните сакаат да се имнизираат поради годините и хроничните болести, помладите планираат да одат на свадби и да заминат во странство.

Секој ден од понеделник до петок, од 7.30 до 19.30, граѓаните ќе можат да се имунизираат со вакцина на „Синовак“. Во поликлиниката во Шуто Оризари отворен вакцинален пункт.

За разлика од возрасните граѓани, децата ќе мора да се пријават на „вакцинација.мк“. до четврток може да закаже термин за децата од 12 до 16 години, а вакцинирањето со  „Фајзер“ ќе почне од петок.

Министерот за здравство истакна дека епидемиолошката состојба е мирна и не се размислува да се бара потврда за вакцинација или негативен тест на коронавирусот за влез во земјава, ниту за наши, ниту за странски државјани, но акцент треба да се стави на вакцинацијата како механизам за заштита.

Ревакцината со „Астра Зенека“ ќе се прима на шест недели, наместо на 12 недели од аплицирањето на првата доза, како што беше досега. Одлуката е донесена на состанок со членовите на Комитетот за имунизација. Останува на сила одлуката „Астра Зенека“ во земјава да се дава на лица постари од 60 години.

Наташа Јанчиќ Менковски