Голем интерес за вакцинација

Метеж пред вакциналните пунктови

12.07.2021 14:52

Големата заинтересираност за вакцинирање, предизвика метеж пред вакциналните пунктови. Редиците предизвикаат револт кај дел од граѓаните кои претходно биле со закажан термин. Од поликлиниката „Јане Сандански“, велат, се губи време на административниот дел. Министерот Филипче, најавува подобро организирање на процесот.

Започна вакцинацијата на сите оние коишто немаат закажано термин, имунизацијата ќе се одвива во сите поликлиники низ државата, додека пак ревакцината ќе се врши во салата Борис Трајковски и во другите сали кадешто десега се вршеше масовна вакцинација.

Метеж пред скопските поликлиники. Во „Јане Сандански“ редици од рано изутрина. Бројката е голема на оние кои дојдоа да се вакцинираат, а најреволтирани беа оние кои требаше да се ревакцинираат бидејќи имаа закажано термин.

Се губи време и во административниот дел, вели раководителот на поликлиниката, Радевски. Според него доколку тоа би се скратело, сѐ би било побрзо.

Министерот за здравство Филипче најави дека ќе разговара со директорите на сите здравствени домови за да се организира редот. Доколку е потребно ќе се вклучи и Армијата.

Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во поликлиниките „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“.

 

Ана Јосифоска Тодоровска