Со вакцинација во Лозово, во велешко започна теренската имунизација
Низ населените места во земјава се спроведува и теренската имунизација. Граѓаните без закажан термин имаат можност да се вакцинираат во своите општини. Во Лозово жителите задоволни поради олеснетиот пристап до вакцина...

Жителите на село Лозово имаа можност да ја примат првата доза на вакцина против Ковид-19 во родното место. Така започна теренската вакцинација, која во период од два часа ја искористија 42 лица.
Теренска вакцинација имаше и во пет велешки села- Отиштино, Бањица, Раковец, Бусилци и Еловец. Од нив само во две села, Еловец и Бањица, се вакцинирале вкупно 17 лица, додека во останатите немало интерес, бидејќи во Раковец живееле двајца а во Бусилци еден жител.
Затоа пак, во вакциналниот пункт во Здравствен дом во Велес денес до 12 часот стотина граѓани побарале да бидат вакцинирани, без термин.
Продолжува зголемениот интерес кај велешани за заштита од корона вирусот. Во саботата вакциналниот пункт во спортска сала работеше прекувремено за да се задоволат потребите на граѓаните за вакцинација без термин.
Петар Печков
