Завршни зборови на одбраната за настаните од 27 април
Во скопскиот Кривичен суд завршни зборови за обвинетите за организирањето на настаните во Собранието. Одбраната на Спиро Ристовски прашува - како може исказот на Нинџа, а не доказите да бидат темел на обвинителниот акт за „Оганизатори на 27 април“...

Александар Василевски- Нинџа тврдеше дека попладнето на 27-ми април му се јавил на Спиро Ристовски. Но, листинзите од разговорите покажуваат нула комуникација. Тој лажно сведочел и дека околу 18 часот во партиската зграда го видел Ристовски, тврдеше адвокатот на поранешниот министер, Гоце Ристевски во завршните зборови пред судот. Посочи дека според телефонските листинзи тој ден ниту обвинетите Ристовски и Јанакиески немале никава комуникација, па праша како тогаш можеле нешто да организираат.
Обвинителството не презентираше доказ дека со другите обвинетии сум учествувал во некаков план, рече обвинетиот Ристовски во своите завршни зборови, тој наведе дека никогаш немал комуникација со обвинетите Владимир Атанасов и Никола Бошковски кого, пак ниту го познавал, ниту пак го сретнал во животот. Со Никола Груевски само службено комуницирал.
Освен Ристовски со завршни зборови се и Миле Јанакиески и Владимир Атанасов, обвинети за организатори на настаните од 27-ми април, за да се спречи изборот на претседател на Собранието.
Фиљана Кока
