Доделени наградите „Никола Младенов“

25.03.2014 14:53

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ja додели новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година на новинарката Ирена Мулачка за серијалот стории за очната лекарка од градската болница во Скопје.

Втората награда ја доби, Менче Точи за текстови поврзани со загадувањето во Кавадарци, а третото место го освои Томислав Кежаровски за написите околу сообраќајната несреќа на Никола Младенов.

Наградата се доделува традиционално по 13-ти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности.