Тетово тоне во смет
Преполни контејнери, смет околу нив, смрдеа на тропски температури и во време на Ковид- 19. Еколошките организации реагираат, велат зелената агенда на ДУИ е само на билборди и хартија.

Во Тетово веќе нема маало без мини- дива депонија. Сметот не се собира редовно, па околу контејнерите кои недостасуваат се трупа отпад секојдневно. Тетово стана синоним за еколошка катастрофа, од година в година е полоша состојбата со третирањето на отпадот.
Од Еко Герила, велат дека условно кажано зелената агенда на ДУИ го стави Тетово на врвот на најзагадените градови со голем број диви депонии. Парите наменети за чиста животна средина, очигледно завршуваат на друго место.
Од ЈКП Тетово, велат дека пандемијата создала големи тешкотии на претпријатието, кога наплатата за услугите е намалена особено во летниот период, а количеството на смет кое треба да се собере е зголемено за 60%.
Се надеваат дека со набавката на големи полуподземни контејнери, процес кој е во тек, ќе се ублажи проблемот со купиштата смет на јавните површини.
Од Општина Тетово, пак додадоа дека наскоро ќе се набават неколку камиони за собирање на смет, машини за чистење на улиците, како и нови 160 контејнери.
Зоран Димовски
