Измените на Законот за лична карта пред Законодавно- правната комисија
Собраниската Законодавно- правна комисија денеска на седница ќе расправа по предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, според кој наместо „Република Македонија“ треба да пишува „Република Северна Македонија“...

Собраниската Законодавно- правна комисија денеска на седница ќе расправа по предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, според кој наместо „Република Македонија“ треба да пишува „Република Северна Македонија“.
Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12-ти февруари 2024 година.
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.
Законодавно- правна комисија на седницата треба да расправа и по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
