Кили доби година затвор
15.11.2013 13:16
Една година затвор за производство на марихуана

Една година затвор за производство на марихуана гласи пресудата за познатиот актер Кирил Поп Христов. Кривичниот суд му изрече казна затоа што во импровизирана лабораторија во својата викенд куќа во скопско Визбегово одгледувал 70-тина стебла од растението канабис. Познатиот Кили во одбраната рече дека канабисот го растел за да произведе масло за пиење кое било благопријатно за неговата здравствена состојба.
До правосилност на пресудата Кили останува во домашен притвор. Неговиот брат Владимир кој првично беше осомничен за истото дело е недостапен за полицијата. Против него сега за сега нема обвинение.
Анита Димитријевска
