Сушното време поволно за жетвата
Неделава сувото време без врнежи ќе биде поволно за жетвата на јачменот и на пченицата. Пролетните земјоделските култури, пак, кои се одгледуваат со системите за наводнување добро напредуваат. Од друга страна пак, сушното лето со високи температури лошо влијае на пчеларството каде што се очекуваат многу слаби приноси…

Високите температури на воздухот во изминатиот период, предизвикаа драстично намалување на влагата во почвата, со што потребата од наводнување останува како приоритет во земјоделското производство.
Сувото време единствено е поволно за жетва на јачменот која е при крај, и на жетвата на пченицата која е во полн ек.
Пролетните и градинарските култури, особено оние кои имаат системите за наводнување, добро напредуваат.Почната е и бербата на тутунот, и на градинарски култури на отворено.
По кратката промена за време на викендот, неделава се очекува слична временска состојба, што ќе се одрази позитивно во земјоделството.
Но, ваквите временски услови воопшто не му одат во прилог на пчеларството, велат агрометеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.
Сушата, отсуството на врнежи и сувата тревна вегетација и оваа година предизвикуваат проблеми со призводството на мед, што ќе донесе и многу ниски приноси.
Методија Трајков
