ШПАНИЈА

Се враќа полицискиот час во Каталонија и Валенсија

13.07.2021 11:23

Делта варијантата се пренесува на невакцинирани млади луѓе во земјата.

Шпанските региони го враќаат полицискиот час, како и ограничувањата за дружење и ноќниот живот, со цел да се спречи ненадејното зголемување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот. Делта варијантата се пренесува на невакцинирани млади луѓе во земјата.

Каталонија и Валенсија, главните жаришта на епидемијата, ограничуваат собири на 10 лица и ги обновуваат ограничувањата на сите активности во текот на ноќта, додека северниот регион Астуриас ја забрани работат на барови освен оние со ресторани со летни бавчи.