Монодрамата „Кармен“ вечерва на „Скопско лето“
Претставата е монодрама на Биљана Драгиќевиќ – Пројковскa. Автор е Мигел Делибес, режија и драматизација е на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф е Раде Василев...

Вечерва на програмата на „Скопско лето“ е театарска претстава „Кармен“ која ќе се одигра на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, со почеток во 20:30 часот.
Претставата е монодрама на Биљана Драгиќевиќ – Пројковскa. Автор е Мигел Делибес, режија и драматизација е на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф е Раде Василев. Композитор е Горан Трајковски, а претставата е во продукција на Драмски театар.
Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе биде регулиран со влезници по 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот, на влезот на Сули- ан.
