Османи на состанок со европската дипломатска мрежа
Како што информираат од македонското МНР, идните дипломатските делувања за нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, бидејќи Љубљана има интерес за севкупен напредок на Западен Балкан.

Шефот на дипломатијата Османи одржа вонреден состанок со акредитираните амбасадори во земјите-членки на ЕУ и во институциите поврзани со ЕУ. Причина – почетокот на словенечкото претседателство со блокот.
Како што информираат од македонското МНР, идните дипломатските делувања за нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, бидејќи Љубљана има интерес за севкупен напредок на Западен Балкан.
„Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кој се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини“, изјавил Османи, додавајќи дека стартот на преговорите останува врвен приоритет за нашата дипломатија.
