Десетици жртви во пожар во болница во Ирак

13.07.2021 11:40

Министерството за здравство соопшти дека потрагата по преживеаните во болницата Ал-Хусаин продолжила откако пожарот бил ставен под контрола.

Најмалку 50 лица загинале, а десетици се повредени во пожар во болница за заразени со Ковид-19 во ирачкиот град Насирија.

Министерството за здравство соопшти дека потрагата по преживеаните во болницата Ал-Хусаин продолжила откако пожарот бил ставен под контрола.

Медицински извори стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи многу пациенти се водат како исчезнати.