21 нов случај со Ковид-19

13.07.2021 12:37

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197...

Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нов случај на Ковид-19: Тетово – 11, Скопје и Куманово  – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1, соопштуваат од Министерството за здравство.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 2, Битола, Тетово и Кичево - по 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.

Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на Ковид-19.