Теренска имунизација

Голем интерес во руралните области за вакцинација проотив Ковид-19

13.07.2021 13:11

Продолжува теренската вакцинација во повеќе од 30 општини. Мобилните медицински екипи се на терен. Сѐ поголем број жители на руралните области заинтересирани да примат вакцина. Во тетовско Желино, повозрасните на 80 години први на пунктовите.

81- годишниот Љатиф Љатифи уште во утринските часови пристигна да ја прими првата доза вакцина во вакциналниот пункт во Желино. Теренската вакцинација е оптимално решение за повозрасните жители од руралните средини.

Интересот за теренската имунизација имаше, но претежно од повозрасните жители. Вакцината велат, практично ни дојде дома. Пунктот беше отворен два часа во утринските часови.

Вакцинацијата се спроведува и во Здравствениот дом Тетово, каде се имунизираа жителите кои треба да ја примат втората доза од „Астра Зенека“, а за без термин се чекаше ред за „Синовак“.

Термините треба да се почитуваат, ако сакаме да ги избегнеме гужвите.

Вакцини има доволно, а имунизацијата ќе продолжи во Здравственот дом и во останатите рурални места од тетовско.

Моментално се одвива и ревакцинација во регионалниот пункт во спортската сала на медицинското училиште во Тетово.

 

Зоран Димовски