Екологија

Започна чистењето на линданот од малата депонија во „Охис“

13.07.2021 13:52

Надлежните уверуваат дека граѓаните од околните места ќе бидат заштитатени од токсичните хемикалии и запознаени со постапката. Околу фабриката ќе се постави и станици за мерење на квалитетот на воздухот, а од Институтот за хемија на ПМФ ќе се мониторираат можните загадувачи во воздухот...

Во малата и големата депонија на некогашниот гигант „Охис“ со децении стојат закопани илјадници тони токсичен отпад, меѓу нив и остатоци од канцерогениот Линдан.  Од денес почнува постапката за негова дислокација од малата депонија која треба да заврши за околу 12 месеци.

Откако ќе биде исчистен и покриен со шатор и со филтри за прочистување на воздухот,  контаминираниот простор во кој има 7.000 тони линдан, ќе почне процесот на дислокација на отпадот.

Надлежните уверуваат дека граѓаните од околните места ќе бидат заштитатени од токсичните хемикалии и запознаени со постапката. Околу фабриката ќе се постави и станици за мерење на квалитетот на воздухот, а од Институтот за хемија на ПМФ ќе се мониторираат можните загадувачи во воздухот. Министерот Нуредини вели ова е почеток на расчистување со жешките еколошки точки во земјава.

Грчката фирма „Полиеко“ ќе треба да го исчисти, спакува и транспортира на безбедно уништувањето на  дел од хемикалијата и контаминираната почва. Работите, според планот, треба да се завршат до октомври, а ремедијацијата на тој дел од депонијата ќе чини околу два милиони евра.

Малата депонија има 7.000 тони линдан, додека во големата 52.000. Дислокацијата на линданот се спроведува со поддршка од Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации – УНИДО, и Амбасадата на Норвешка.

 

Викторија Милевска