Случај „Меѓународен сојуз“: Одбраната тврди дека обезбедила докази за изземање на Рускоска
Обвинителката Вилма Рускоска за МТВ вели – сите докази што наводно ги има Јовановски, нека ги достави до државниот обвинител...

Со помош на стручен советник, одбраната на Бојан Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“ тврди дека обезбедила докази за изземање на обвинителката Вилма Рускоска. Наводно, од телефонот што бил одземен од Јовановски по апсењето биле бришени податоци кои потоа биле вратени, а укажувале на непрофесионално постапување на обвинителката и во други предмети. Што точно разговарале Јовановски и Рускоска приватно, не се изнесе на главната расправа, затоа што судот не дозволи.
Кон барањето за изземање се приклучи и обвинетата Фросина Ременски. За односот на Рускоска, вели поднела и претставка до Советот на Јавните обвинители и државниот обвинител.
Обвинителката Вилма Рускоска за МТВ вели – сите докази што наводно ги има Јовановски, нека ги достави до државниот обвинител.
Случајот „Меѓународен сојуз“ опфаќа петмина. Според Обвинението – тие ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на старечки домови, со што ги оштетиле за милион евра.
Анита Димитријевска Велковска
