Повисоки сметки за струја ако не се донесе навреме законот за намалување на ДДВ
Намалувањето на ДДВ на електричната енергија од 18 на 5 проценти наскоро ќе се најде во собраниска процедура – најави министерот Бесими. Не се исклучува можноста граѓаните да добијат повиски сметки поради поскапување на цената на струјата. Креаторите на фискалната политика предвидуваат просечниот економскиот раст до 2025-та да надмине 5 проценти...

Додека не се изгласа законот со кој ДДВ-то ќе се намали од 18 на 5 проценти, актуелната стапка ќе продолжи да важи за сметките за струја. Ова значи дека доколку Собранието не успее навреме да го помине решението кое беше предложено за да се амортизира ударот од поскапувањето на електричната енергија, граѓаните ќе добијат повисоки сметки. Министерот за финансии Бесими вели во прашање се денови или недели, но апелираше пратениците да дадат зелено светло за Законот, бидејќи Комисијата за енергетика веќе донесе одлука за поскапување за 12,36 проценти.
Министерот за финансии Бесими вели дека како Влада планираат политики преку кои просечниот економски раст во периодот 2021-2015 година ќе надмине 5 проценти. Очекуваат повеќе инвестиции, креирање нови работни места и повисок животен стандард.
Поодобрите екониомски движења треба да донесат и подобра наплата на приходите.
Дијана Ценевска
