Влада

Нов предлог- закон за финансиско обезбедување на 1.100 стечајци

13.07.2021 16:18

Владата на седница подготви предлог- закон за финансиско обезбедување на 1.100 стечајци. Ќе добиваат по 9.242 денари месечно, односно 34 проценти од просечната нето-плата. Услов е да имаат најмалку 14 години стаж…

Владата подготви нов Предлог- закон за стечајци. Со него уште 1.100 работници кои останале без работа треба да добиваат месечен надомест од по 9.242 денари до вработување или пензионирање. Новина е што има намалување кај условот и со ова право ќе може да се стекне со 14 години стаж.

Министерката Шахпаска со апел до пратениците да ги поддржат измените за финасиско обезбедување на стечајците. Заклучно со нив, вкупно 13 илјади стечајци ќе добиваат материјален надомест.

Наташа Гркова- Петрушевска