Свет

Ирак: Пожар во болница, десетици загинати

13.07.2021 14:27

Голем дел од повредените се во критична состојба. Медицински извори стравуваат дека бројот на жртвите ќе се зголемува, бидејќи има и исчезнати.

Дестици луѓе загинаа, а многу се повредени во пожар во болница за заразени со Ковид-19 во ирачкиот град Насирија. Голем дел од повредените се во критгична состојба. Медицински извори стравуваат дека бројот на жртвите ќе се зголемува, бидејќи има и исчезнати. 

„Катастрофата што се случи во карантинскиот оддел во болницата е огромна трагедија. Јас сум без зборови. Изгледа како Ирак да мора да преживува трагедии“, вели жител на Нисирија.

Пожарот најверојатно е предизвикан од експлозија на боца со кислород во ковид-одделот, иако не се отфрла дека имало и  краток електричен спој.

Премиерот Ал-Казими нареди итно да се испитаат причините и последиците од пожарот. Според информациите, полицијата ги сослушала директорот на болницата и шефот на цивилната одбрана на провинцијата Ди Кар каде што е прогласена вонредна состојба.

Според шефот на ирачката цивилна одбрана, зградата била изградена од запаливи материјали.

Ова е втор голем пожар во кој загинаа пациенти со коронавирус во ирачка болница. Најмалку 82 лица загинаа во болница во Багдад во април кога експлодираше резервоар за кислород, што предизвика пожар. Инцидентот фрли светло врз системското лошо управување во ирачките болници. Лекарите ги отфрлија лабавите безбедносни правила, особено околу боците со кислород.

Ирак е во средина на уште еден силен бран Ковид-19. Дневните стапки на коронавируси минатата недела го достигнаа врвот, со 9.000 нови случаи.

 

Марина Ристова