Дрвната индустрија заживува

25.03.2014 15:27

Раздвиженоста во оваа гранка е видлива и на семот за мебел. Годинава за 20 проценти повеќе македонски компании се претставија...

Производителите на мебел оптимистички ја почнаа годинава. Наплатата на побарувањата се одвива редовно, продажбата е зголемена, а се произведува и по нарачка.

Повеќе од 100 регистрирани производители на мебел се соочуваат со долгогодишниот проблем, сивата екониомија. Велат дивите производители ја прават нелојалната конкуренција.

Според кластерот на дрвната индустрија процентот на сивата економија е речиси изедначен со регистрираните производители .

„Тоа што е произведено во Македонија половината е произведено на црно од фирми што не постојат“, вели Горан Божиновски производител на мебел и претседател на кластерот на дрвна индустрија.

Раздвиженоста во оваа гранка е видлива и на семот за мебел. Годинава за 20 проценти повеќе македонски компании се претставија.

„Да го направиме саемот за мебел главен настан на оваа гранка и пошироко“, вели Дејан Кошутиќ, извршен директор на ЕРА Сити.  

Производството на мебел од 2002-та до 2011-та година пораснало само за 0,5 проценти. Извозот лани изнесувал едвај 6 милиони евра. Вкупната вработеност во дрвната индустрија во 2012-та година, изнесувала  5.760 лица.

Дрвната индустрија учествува со 0,5 проценти во БДП. Македонија повеќе извезува  мебел и преработки од мебел.

 

Дијана Ценевска