СДСМ ги објави првите 30 кандидати за градоначалници
Лидерот на партијата, Заев ги објави првите 30 кандидати откако заврши седницата на Извршниот одбор на партијата. До нив стигнале вкупно 630 кандидатури за градоначалници и пет илјади за советници, а според Заев тие се фаворити на изборите...

На домашната политичка сцена, почна откривањето на кандидатите за градоначалници за претстојниве локални избори. Социјалдемократите први повлекаа потег.
Лидерот на партијата, Заев ги објави првите 30 кандидати откако заврши седницата на Извршниот одбор на партијата. До нив стигнале вкупно 630 кандидатури за градоначалници и пет илјади за советници, а според Заев тие се фаворити на изборите.
Меѓу имињата што ги соопшти Заев се најде актуелниот градоначалник на Скопје, Шилегов како и досегашните на Кисела Вода, Бутел, на Штип, Крушево, Охрид, Пробиштип, Ресен, Валандово, Босилево, Дојран и други.
