Сончево и многу топло, температура до 40 степени

14.07.2021 09:18

Максимланите температури ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени, а УВ индекост ќе достигне 9.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максимланите температури ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени, а УВ индекост ќе достигне 9.

Во Скопје и околината ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.