Белата куќа демантира дека САД се вмешани во поттикнување на протестите во Куба
14.07.2021 10:18
Американскиот претседател Џо Бајден појасни дека Вашингтон го поддржува народот на оваа карибска земја во „неговиот повик за слобода, ослободување од пандемијата и повеќедеценсиката репресија“.

По упатените обвинувања, Белата куќа демантира дека САД се вмешани во поттикнување на протестите во Куба.
Американскиот претседател Џо Бајден појасни дека Вашингтон го поддржува народот на оваа карибска земја во „неговиот повик за слобода, ослободување од пандемијата и повеќедеценсиката репресија“.
Оваа реакција дојде по обвинувањата на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел кој ги обвини САД за немирите и санкциите на Вашингтон, воведени уште во 1962 година.
