Ковид-19

Во Сиднеј продолжен локдаунот за уште најмалку 14 дена

14.07.2021 10:36

Премиерката на Нов Јужен Велс, најави дека ограничувањата ќе останат на сила најмалку до 30 јули, истакнувајќи дека во последните 24 часа се потврдени нови 97 случаи на локална трансмисија на вирусот.

Австралиските власти го продолжија затворањето на Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту по три недели од рестрикциите не е запрено најсериозното ширење на коронавирусот.

Премиерката на Нов Јужен Велс, најави дека ограничувањата ќе останат на сила најмалку до 30 јули, истакнувајќи дека во последните 24 часа се потврдени нови 97 случаи на локална трансмисија на вирусот.

Локдаунот сега е продолжуван двапати, вкупниот потврден број на заразени од средината на јуни изнесува нешто помалку од 900, а регистрирани се и два смртни случаја меѓу пациентите инфицирани со Ковид-19.