Свет

СЗО: Три милиони нови случаи со Ковид-19 за една недела

14.07.2021 12:32

Околу три милиони нови случаи на Ковид- 19 се регистрирани во светот само за една недела. Индијската мутација е присутна во 111 држави, а во обид да го запрат ширењето на коронавирусот властите на Сиднеј го продолжија затворањето за уште 14 дена...

Околу три милиони нови случаи на коронавирус се регистрирани во светот за само една недела, соопштија од СЗО. Делта сојот на коронавирус станува доминантен. Индиската мутација се прошири во 111 држави. Најмногу новозаболени има во Бразил, Индија, Велика Британија и Колумбија. Лондон од 19 јули ги укинува сите ограничувањата, но сепак и натаму се препорачува носење маска во јавниот транспорт и во затворени простории каде што не може да се одржува потребаната дистанца.

„Мислам дека по понеделник треба да продолжиме со задолжително носење маска на лицето во јавен превоз каде што често не може се оддржува потребната социјална дистанца. Она што го знаеме од научниците и од СЗО е дека носењето маска ја прави помала веројатноста дека ќе се заразите со вирусот“, изјави градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

Во Европа, за само седум дена се пријавени повеќе од 650 илјади луѓе заразени со Ковид-19. Една од најтешко погодените земји е Холандија. Бројот на потврдени инфекции се зголеми за 500 проценти минатата недела.

„Гледаме експлозивно зголемување на бројот на заразени. За краток временски период има многу активност меѓу помладите возрасни групи. Ова предизвика многу инфекции. Може да се каже дека низ цела Холандија се случија супер- настани кои предизвикаа многу инфекции. Тие придонесуваат за големиот број случаи“, изјави Аура Тимен- Национален институт за јавно здравје.

Во студија од институтот Рикардо Хорхе се наведува дека варијантата делта претставува околу 86 проценти од случаите во Португалија. Во Германија поради претпазливост, мерките остануваат во сила сѐ додека не се вакцинираат повеќето граѓани.

Австралиските власти го продолжија затворањето на Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту по три недели од рестрикциите не е запрено ширењето на коронавирусот.

 

Маријана Димовска