Македонија

Бочварски: Законот за легализација на дивоградбите наскоро во Собрание

14.07.2021 13:06

Формираната стручна комисија и Mинистерството немаат надлежност да менуваат планови во ниту една општина. Со овој став министерот Бочварски се оградува од одговорност за дозволата за изградба на висококатници спроти „Холидеј ин“. Најави дека законот за легализација на дивоградбите повторно ќе се најде пред пратениците.

Законот за легализација на бесправно изградените објекти наскоро ќе се најде во Собрание, вели министерот за транспорт Бочварски. Појаснува дека со него се дава шанса граѓани со ниски примања да ги легализираат своите домови. Дециден со него нема да бидат опфатени станбените згради и градбите во заштитените подрачја.

Градежниот сектор и во пандемијата не забележа застој. Според податоците, расте бројот на издадени доволи за градба. За дозвола за изградба на вискокатници кај „Холидеј ин“ министерот Бочварски вели дека одговорноста е на општина Центар.

Стручна дебата меѓу градежната фела и за новиот Закон за градење со кој треба да се надмине колизијата што постои меѓу законите. Овој закон треба да ги опфати сите капитални инвестици кои се клучни за развојот на државата.

Од Друштвото за патишта на Македонија велат дека целта е да се донесе применлив и современ закон.

 

Дијана Ценевска