Ковид-19

Седум теренски екипи вакцинираат во селата во прилепско

14.07.2021 14:06

Се забрзува интензитеот на вакцинацијата во прилепско. Седум мобилни екипи веќе трет ден се меѓу жителите. Треба да се влезе во стотина села. Заинтересираноста, велат надлежните, е солидна...

На 73- годишната Горица Спиркоска од прилепско Мажучиште и олесна. Екипата дојде во селото за да се вакцинира. Без тоа, тешко дека ќе стигнеше до саканата заштита. Иако зафатени во полето, жителите стигнуваа на мобилниот пункт во училиштето.

На теренот во прилепско, кривогаштанско и долненско се седум мобилни екипи. Треба да се посетат над 100 населени места. Заинтересираноста е солидна.

Ќе се стигне до секое село. За два дена се опфатени околу 500 жители. И на регионалниот пункт во градот се забрзува интензитетот, зашто се вакцинира без термин. Досега се опфатени околу 20.000 граѓани од кои 6.000 со втора доза.

Една од екипите веќе замина да ги вакцинира жителите од соседното село.

 

Елизабета Митреска