Непочитувањето на мерките и протоколите- главна причина за ширење на вирусот во Тетово
За само една недела во тетовско се евидентираат над 50 позитивни случаи на Ковид-19. Изворите на заразата се од двата кластара, од семејна веселба и свадбена церемонија. За какви соеви на вируси станува збор сѐ уште се прават анализи...

Семејниот кластер досега заразил осум лица, откако претходно еден член од семејството бил позитивен, а вирусот од кластерот од свадбата се шири од минатата недела. Непочитувањето на мерките и протоколитее главната причина за брзата трансмисија на болеста, откако во тетовско подолг период имавме стабилна состојба. Свадбите и веселбите се одржуваат, но ретко кој почитува протоколи.
Тетовци како да заборавија на вирусот, дистанцата ја нема, а во затворен простор ретко кој носи маска. Дел од граѓаните сметаат дека надлежните треба можеби да размислат за построги мерки.
Пандемијата не е завршена треба голема претпазловост и лична одговорност. Ширењето на заразата сѐ уште е резултат и на криење на контактите.
По стабилизација на состојбата, тетовскиот регион повторно е на врвот по бројот на позитивни од Ковид-19. Од активни 60-ина случаи, над 50 се заразија за една недела.
Зоран Димовски
