Традиција

По една година пауза поради Ковид-19, викендов ќе се одржи „Галичка свадба“

14.07.2021 14:29

Истрајни во желбата да бидат дел од традицијата, Филип Бундовски и Катерина Илиевска кои лани беа избрани за зет и невеста на Галичка свадба, годинава ќе ја крунисаат својата љубов во Галичник. Претставена програмата на годинашното издание на традиционална културна манифестација. По една година пауза поради ковид пандемијата, годинава по 47-ми пат повторно ќе се одржи Галичка свадба...

И годинава, Галичник, средиштето на Мијачијата ќе ечи од тапаните и пиштење на зурлите. Љубовта уште еднаш ќе биде мотив за сватовите да заиграат во ритамот на повеќевековна свадбарска езгија.

На реномираната свадба, судбоносното „да“ во живописниот Галичник ќе го изустат невестата Катерина и младоженецот Филип.

Љубојна и Бенд-оф в петок ќе го означат почетокот на музичкиот дел на манифестацијата што завршува в недела со традиционалните тапани.

Покровител на традиционалната Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски.

Ана Јосифоска Тодоровска