Нови 18 случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.

Во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1. Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1. Не се регистрирани починати пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.
Досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на Ковид-19.
