Претставено логото по повод 30-годишнината од независноста

14.07.2021 15:27

Сонцето, уставното име, меѓународниот код МК и бројот 30, се симболите обединети на традиционалната црвена основа со кои се потенцира нашата државност.

Претставено логото по повод 30-годишнината од независноста. Сонцето, уставното име, меѓународниот код МК и бројот 30, се симболите обединети на традиционалната црвена основа со кои се потенцира нашата државност.

Логото ќе се применува на сите јавни настани на државните институции и ќе им биде достапно на граѓаните, велат од Владата.

Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од се она што денес нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Одбележувањето на 30-годишнината од независнсота, посочи Арсовски, ќе биде со проекти кои ќе може да се проследат до месец септември, а кои се поддржани во рамки на петтиот пакет мерки, наменет за индустријата за организирање настани.