Јанакиески: Не сум виновен за настаните во Собранието
Не сум виновен за 27-ми април, се изјасни во скопски кривичен обвинетиот Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт. Верувам во правичноста на судот, дополни, додека одбраната побара ослободителна пресуда...

Верувам во правдата, во вашата стручност и искуство и да донесете правична одлука, рече поранешниот министер Јанакиески во завршниот збор за случајот „27 април“. Додаде дека не е виновен за настаните во Собранието.
Нема докази со кои обвинителството може да го поврзе Јанакиески со насилството во Собранието, оцени неговиот бранител Новаковски. Секое насилство не е тероризам, вели тој, а Јанакиески не учествувал во организирањето и планирањето на делото, ниту пак има докази дека контактирал со останатите обвинети, рече адвокатот. Побара судот да донесе ослободителна пресуда.
На поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за да се спречи примопредавањето на власта на 27-ми април.
Анита Димитријевска Велковска
