9,6 милиони евра на располагање на земјоделците преку новиот ИПАРД оглас
Нови 9,6 милиони евра им стојатна располагање на земјоделците со новиот оглас од ИПАРД 2 програмата што го објави платежната агенција. Финансиската поддршка е 65 проценти од инвестициите за вложувања во мали бизниси и во занаетчиство во руралните средини. Крајниот рок за поднесување на документите е 22-ри август…

Производство на прехрамбени производи и пијалоци, занаетчиски дејности, развој на услуги за руралното население како и промоција на руралниот туризам, се дел од инвестициите кои можат да бидат финансиски поддржани со ИПАРД 2 програмата.
Со парите од оваа програма ќе може да се отвораат нови или да се модернизираат погони за тестенини, колачи, да се отворат или унапредуваат фарми за одгледување на зајаци, дивеч, полжави, риби, насади за дрва, како и отворање на ресторани кои нудат угостителски и сместувачки услуги.
Согласно програмата 65 проценти од прифатливите трошоци за реализиација на инвестициите ќе им бидат вратени на земјоделците, занаетчиите и стопанствениците.
Преку оваа мерка за „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се создаваат услови за развој на малите и микро претпријатија кои траба да вијаат на поголемот развој на руралните средини.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 22 август 2021 година и тоа по пошта или лично во Платежната агенција.
Методија Трајков
